Фудбалерот на Барселона, Фермин Лопез ќе отсуствува во следните две недели поради повреда на десната потколеница, соопшти каталонскиот клуб.
„Фермин има мала повреда на мускулот на десната нога и неговото опоравување ќе трае приближно две недели“, се вели во соопштението на Барса.
22-годишниот играч од средниот ред, европски и олимписки шампион со Шпанија, се очекува да ги пропушти следните три првенствени натпревари на каталонскиот клуб против Алавес, Атлетико Мадрид и Реал Бетис, а знак прашалник е и неговиот настап на натпреварот од Лигата на шампионите против Ајнтрахт Франкфурт на 9. декември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

