Нови проблеми за Конте – позитивен на корона и Коларов

Репрезентативецот на Србија, Александар Коларов по поразот на Србија од Шкотска ја напушти својата репрезентација се врати во Италија, но по задолжителното тестирање е позитивен на коронавирус па сега ќе мора да помине и низ период на самоизолација.

Проблемите за Антонио Конте не престануваат, Интер се наоѓа во лоша форма во „Серија А“, по седум одиграни натпревари има скор од 3 победи, 3 порази и една нерешена утакмица, а дополнително ќе биде ослабен на дуелот со Торино.

Покрај Коларов, Конте нема да може да рачуна и на Марсело Брозовиќ кој истотака е позитивен на вирусот.

Се вчитува...