Нови проблеми за НБА ѕвездата: Издаден налог за апсење на Бриџис

Кошаркарот на Шарлот Хорнетс, Мајлс Бриџис би можел повторно да се најде зад решетки. Минатата година Бриџис беше уапсен во Лос Анџелес поради семејно насилство откако ја претепа својата сопруга Мишел Џонсон.

Таа на социјалните мрежи сподели фотографии од повредите, како и лекарски извештај во кој меѓу другото има потрес на мозокот, пукнато тапанче, скршеница на носот, модринки…

Изгледаше дека ќе го објави своето враќање на големата сцена во претстојната сезона, но изгледа дека тоа нема да биде случај бидејќи ја прекрши забраната за приближување откако плати кауција за да излезе од затвор.

Работите да бидат уште полоши, Бриџис го скршил прозорецот на автомобилот на Џонсон во јануари оваа година, веднаш откако му била издадена забрана за приближување.

За Бриџис се издадени налози за апсење, како и кривични пријави по тие основи, а тој многу лесно би можел да биде надвор од терените уште една сезона доколку биде прогласен за виновен.

Со оглед на тоа што тој веќе отслужи 20 натпревари од суспензијата, Хорнетси решија да му дадат уште една шанса и потпишаа едногодишен договор вреден 7,9 милиони долари.

Се вчитува...