Враќањето на Серена Вилијамс на теренот по четиригодишна пауза доживеа нов неуспех. По почетниот пораз во поединечна конкуренција на Вимблдон, таа мораше да го предаде мечот од првото коло во двојки, во кој настапуваше со својата постара сестра Венус.
Се очекуваше таа повторно да заигра следната недела во Торонто за да ја подобри формата пред УС Опен, но тоа нема да се случи. Иако организаторите чуваа „вајлд-карта“ за неа, тие вчера ја искористија, што значи дека стручниот тим на 44-годишната Американка проценил оти повредата на коленото, здобиена во Лондон, се уште не е санирана.
Ситуацијата со настапот во двојки сè уште не е толку мрачна, организаторите чуваат специјална покана за случај Серена да процени дека може да настапи во оваа категорија, која е помалку физички исцрпувачка. Венус веќе доби „вајлд-карта“ за поединечна конкуренција, па двете би можеле да настапат и во двојки. Турнирот започнува следната недела.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
