Нови проблеми за Шпанија: Ламин Јамал го пропушта стартот на СП!

Напаѓачот на Барселона, Ламин Јамал, веројатно ќе го пропушти почетокот на Светското првенство бидејќи продолжува да се опоравува од повреда на тетивата.

Според „The Athletic“, 18-годишниот Јамал ​​нема да биде подготвен за првиот натпревар во групата против Зеленортски острови на 15 јуни, а голем знак прашалник е и за вториот натпревар против Саудиска Арабија на 21 јуни.

Извори од Шпанската фудбалска федерација наведуваат дека федерацијата е во постојан контакт со Барселона и Јамал ​​и дека членови на медицинскиот персонал редовно ја посетуваат Барселона за да го следат неговото закрепнување.

Се вчитува...