Нови проблеми за Слот: Ливерпул без Алисон и Екитике против Челси во сабота!

Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер ќе го пропушти дуелот со Челси во Лондон оваа сабота, додека се уште во меѓувреме ќе чека дополнителни вести за степенот на повредата што ја заработи против Галатасарај.

Голманот беше принуден да го напушти теренот во второто полувреме во поразот на „црвените“ од 1-0 во Истанбул, откако претходно одбрани обид на Виктор Осимен во ситуација еден на еден.

Екипата на Арне Слот, исто така, го загуби и Уго Екитике поради проблем набрзо потоа во натпреварот од Лигата на шампионите, а напаѓачот треба да биде подложен на дополнителни лекарски прегледи денеска.

„При еден спринт, почувствува нешто. Не можам да ви кажам точно бидејќи не сум физиотерапевт, но нормално кога играчот се враќа со спринт, чувствува нешто… Кога моите фудбалери се на терен, девет од 10 пати, се плашам од најлошото – а под најлошото мислам дека не може да продолжи. Тоа се случи со Алисон. Нормално, тој нема да може да игра во сабота. Тоа е 99,9 % сигурно“ – изјави на вчерашната прес-конференција Арне Слот.

Екитике исто така беше заменет во 68. минута во Истанбул, откако падна на земја при обид да ја дофати топката. Исто така се очекува да го пропушти викендот на Стемфорд Бриџ во Премиерлигата.

„Заработи повреда и тој… Рече дека не може да продолжи, па моравме да го замениме. Да видиме како ќе биде и ќе видиме дали ќе може да ни помогне престојниов викенд“ – дополни Слот.

Се вчитува...