Нови проблеми за светскиот тенис – Откажани АТП и ВТА турнирите во Москва

Пандемијата од коронавирусот прави нови проблеми во тенискиот свет. Голем дел од турнирите во годинашната сезона беа откажани, а иста судбина го погоди и „Кремлин купот“ кој во октомври требаше да се одржи во Москва.

АТП и ВТА турнирите во главниот град на Русија првично беа закажани за 19. октомври, но поради зголемениот број на заразени во земјата организаторите одлучија да го откажат годинашното издание.

Турнирите во Антверпен и Келн кои треба да почнат во исто време кога беше закажан и „Кремлин купот“ засега ќе се одржат, но извори од двете тениски асоцијации пренесуваат дека и нивното одржување е неизвесно.

Се вчитува...