Нови проблеми за Валверде: Умтити паузира два месеци, а Иниеста неизвесен за „Ел Класико“

Лидерот на табелата во ла Лига, тимот на Барселона денеска ремизираше на „Камп Ноу“ против Селта (2-2), а покрај испуштените бодови тренерот Ернесто Валверде се соочува и со други проблеми. Двајца значајни фудбалери од првиот состав се повредија на овој меч.

Капитенот Андрес Иниеста ќе мора да паузира околу дваесетина дена, што го прави повеќе од неизвесен за претстојното „Ел Класико“ закажано за 23. декември. Дефанзивецот Самуел Умтити, пак, нема да игра до почетокот на февруари идната година. Тој сериозно го повреди мускулот на десната нога и ќе мора да одмори подолг период.

Се вчитува...