Проблемите за Реал Мадрид продолжуваат. Тренерот Зинедин Зидан подолг период не може да смета на Герет Бејл и на Дани Карвахал, а за претстојното дерби со Атлетико Мадрид можеби го загуби и Иско Аларкон. Шпанскиот репрезентативец заработи повреда при настапот за „црвената фурија“ против Костарика, по што нема да игра за Шпанија на пријателскиот натпревар против Русија.
Иско веќе го напушти кампот на националниот тим на Шпанија и веднаш ќе замине на прегледи кај клупските доктори на Реал Мадрид. Тие сигурно ќе направат максимални напори за да го оспособат за настап на дербито против Атлетико Мадрид на „Ванда Метрополитано“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА