Нови шампиони помеѓу обрачите – младите кошаркари од Првата лига добија опрема од MOZZART

КК Ангели и КК ТФТ добија поддршка во работата со талентите

Нови дресови за нови кошаркарски шампиони! Прочуената акција на компанијата Mozzart продолжи под обрачите на Првата машка кошаркарска лига – вредна донација во опрема добија младите асови на КК Ангели, како и нивните ривали од КК ТФТ Скопје.

Двата тима настапуваат во ист ранг на натпреварување и се многу посветени на работата со помладите категории. Затоа Mozzart реши да ги поддржи на патот кон нови успеси и дополнително да ги мотивира во процесот на создавање таленти.

Нашиот клуб се состои од голем број млади играчи кои веќе имаат постигнато забележителни резултати. Драго ни е што Mozzart ја препозна нашата добра работа, a оваа донација ни е од голема помош. Нашите кошаркари веќе сo гордост ја носат новата опрема во Првата лига“, нагласи Благоја Кечовски претседател на клубот КК Ангели.

Во најсилниот ранг се среќаваат со КК ТФТ од Скопје, кои исто така добија две нови гарнитури на дресови.

Mozzart спроведува навистина убава и хумана мисија. Не им помага само на силните клубови, туку не ги заборава ниту помалите. Мило ни е што го избраа нашиот ТФТ во акцијата „Нови дресови за нови шампиони“. Ќе се потрудиме да ја оправдаме довербата и да продолжиме со процесот на создавање нови таленти“, посочи Никса Георгиевски, тренер во младинската школа на КК ТФТ.

Се вчитува...