Нови снимки од Флорентино Перез: Роналдо е имбецил, а Мурињо е ненормален

Флорентино Перез и денеска се најде во центарот на вниманието на шпанската јавност откако се појавија нови снимки во кои тој жестоко ги навредува Кристијано Роналдо и Жозе Мурињо.

Само еден ден по снимките во кои првиот човек на Реал гласно говори против клупските легенди Икер Касилјас и Раул Гонзалес, сега на ред дојдоа неговите коментари за Роналдо и Мурињо.

„Кристијано е луд. Овој човек е имбецил, болен идиот. Зарем мислите дека е нормален? Не може да биде нормален кога го прави ова што го прави“, вели Флорентино за извонредниот голгетер.

Тој не застанува тука, па на критиките се надоврзува со коментари на адреса на „специјалниот“ Жозе Мурињо.

„Кристијано и Мурињо се личности со нееројатно его. Двајцата се размазени, одбиваат да ја прифатат реалноста. Мурињо е ненормален“, истакна Перез на снимките кои беа денеска објавени.

Флорентино Перез уште вчера објави дека снимките за Раул и за Касилјас се лепени и монтирани, па се очекува истиот став да го има и за коментарите за Роналдо и Мурињо. Сепак, фактот дека успеа да се ослободи од овие четири фудбалски мега-имиња од Реал јасно покажува дека Флорентино знае како да се справи со оние кои не сака да ги види во својот клуб.

Се вчитува...