Новинар ја расплака младата тенисерка – Навистина ли мораме за тоа да зборуваме?

Младата американска тенисерка, Аманда Анисимова загуби на стартот на Австралија опен од Зарине Дијаз со 2-1 (6-3, 4-6 и 6-3). На конференцијата за медиуми по мечот таа не беше подготвена за едно новинарско прашање.

Анисимова во август минатата година се повлече од УС опен поради смртта на нејзиниот татко Константин Анисимов, кој и беше и тренер. Првото прашање на прес-конференцијата по мечот беше токму за смртта на нејзиниот татко.

„Дали се чувствувате лошо поради загубата и дали сте нерасположени?“, беше прашањето од новинарот, на што младата тенисерка одговори. 

„Дали навистина мораме веднаш по мечот да разговараме за тоа“, со солзи на очите одговори Анисимова. 

Се вчитува...