Новиот играч на Баерн: Многу сакав да дојдам тука, но сега сум разочаран

Новиот фудбалер на Баерн Минхен, Рајан Гравенберх не е во плановите за првите 11 на Јулијан Нагелсман откако дојде од Ајакс. Играчот од средниот ред за „ЕСПН“ Холандија кажа дека очекува повеќе да игра после интернационалната пауза.

Гравенберх го засили таборот на „Баварците“ летово, и беше најавуван како големо засилување, но почесто се наоѓа на клупата отколку што е на теренот.

„Немав дилеми кога потпишував за Баерн. Да бидам искрен, разочаран сум затоа што сакам да играм… И тоа е нормално. Го прифаќам тоа, но тешко ми е. Треба да останам смирен, и да се надевам дека ќе добијам повеќе минутажа после интернационалната пауза“, рече холандскиот фудбалер. 

Се вчитува...