Новиот кошаркарски репрезентативец на Македонија дел од Евролигата

Новиот натурализиран македонски репрезентативец, Дивејн Стјуарт, од денеска и официјално е нов кошаркар на шпанскиот прволигаш Басконија.

Стјуарт потпиша двегодишен договор со тимот кој се натпреварува во силната Ендеса лига и во Евролигата. Тој доаѓа како големо засилување по три успешни сезони поминати во дресот на Олимпија Љубљана.

Официјализацијата на овој трансфер ја чекаше завршницата на процедурата за добивање македонско државјанство. Со македонскиот пасош, Стјуарт во Шпанија ќе настапува како домашен, европски кошаркар, што му овозможи на клубот да го ангажира без да троши квота за играч надвор од ЕУ.

 

Се вчитува...