Новиот македонски репрезентативец Мозес Рајт, се соочи со големи проблеми на клупски план, откако ќе треба да го раскине договорот со Барселона, само што го потпиша. Доскорашниот центар на Жалгирис, потпиша договор со „Каталонците“, но во меѓувреме се сменија некои услови, па го натераа Рајт да се премисли.
Американецот со македонски пасош ја информираше управата на Барселона дека сака да го раскине договорот по заминувањето на Чави Пасквал. За такво нешто Рајт ќе треба да плати нешто помалку од 1 милион евра (900.000 евра).
Како пренесува грчкиот портал СДНА, Рајт ќе го стори тоа. Неговиот можен иден клуб е Олимпија Милано, кој наводно му нуди двегодишен договор со плата од 2 милиони евра годишно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
