Францускиот АСВЕЛ е пред потпис со новиот репрезентативец на Македонија, Нејт Сестина, пренесува спортскиот портал „Баскетњуз“. Сестина кој своето деби за Македонија ќе го има на дуелот против Луксембург треба да биде големо засилување за амбициозниот проект на Тони Паркер.
Клубот од Вилербан активно работи на реконструкција на тимот за следната сезона. Доведувањето на кошаркар со богато евролигашко искуство како Сестина се смета за клучен потег за АСВЕЛ кој сака да биде поконкурентен.
Сестина минатата сезона ја помина настапувајќи за италијанскиот гигант Милано, а претходно беше дел и од Валенсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
