Новиот Мухамед Али загина во сообраќајна несреќа

Еден од најтелентираните боксери во светот, Мохамед Хашин загина во сообраќајна несреќа. Момчето кое беше споредувано со големиот Муахамед Али го загуби животот откако со своето БМВ се заби во банкината на автопатот М4 во Велика Британија.

Мохамед Хашин беше споредуван со големиот Али не само поради името туку и поради талентот кој што го прикажуваше на свои 18 години.

Национален шампион на Велика Британија, а беше и рангиран на второто место во неговата категорија во светски рамки. Со него во автомобилот била 19-годишна девојка, која веднаш е пренесена во болница.

 

Се вчитува...