Новиот наш Американец, Шејн Витингтон: Најдобриот словачки кошаркар ми кажа колку е силна Македонија!

Новиот Американец во редовите на македонската кошаркарска репрезентација, Шејн Витингтон од денешниот прв собир се стави на располагање на селекторот Јорданчо Давитков за последната пресметка од претквалификациите за ЕП 2021 против Швајцарија.

Како што вели самиот Витингтон, кој доаѓа на местото на Ричард Хендрикс, и тоа како е задоволен што ќе биде дел од македонската селекција во желбата за враќање на успесите од минатото…

„Чест ми е што ќе бидам дел од селекцијата на Македонија за која слушнав навистина убави зборови. Се радувам што ќе бидам дел од еден добар кошаркарски систем. Знам дека имате одлични успеси на европско тло во минатото и желбата е да се врати Македонија на тие патеки. Разговарав и со најдобриот словачки кошаркар Кајл Куриц кој ми кажа дека Македонија е навистина силна селекција. Затоа ми е задоволство што сум тука“ – вели натурализираниот Македонец, и дополнува:

„Што се однесува до мечот со Швајцарија верувам дека можеме до победа. Ако се погледнат претходните мечеви, тогаш сигурно треба да се потрудиме со победа да го завршиме циклусот“.

Македонија против Швајцарија ќе се соочи на 28. јуни од 19:30 часот на гостински терен.

Се вчитува...