Новиот центар на Партизан доаѓа од Монако

Доскорешниот центар на Монако, Кевариус Хејс, ќе потпише двегодишен договор со Партизан. Како што објавува „Моцарспорт“, центарот од Флорида ќе заработува 1.5 милиони долари по сезона.

Поранешниот кошаркар на Париз и Жалгирис е желба на тренерот Жоан Пењароја, кој неодамна го продолжи договорот со црно-белите и има одврзани раце во формирањето на тимот. Наводно, тој веќе сакал да го доведе Хејс во Басконија, но не успеале да се договорат.

Хејс имаше солидна сезона во Монако, бидејќи во Евролигата имаше просек од 6,3 поени и 3,4 скока.

Се вчитува...