Новиот турски суперлигаш Ерзурумспор го сака Барди во своите редови!?

Помалку интересна вест пренесува турскиот „Еркхабер“ кој тврди дека новиот суперлигаш во Турција, ФЦ Ерзурумспор е цврсто решен во своите редови за следната сезона да го донесе македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Турските медиуми нагласуваат дека Ерзурумспор нема да штеди пари за ангажман на Барди, иако сосема е јасно дека за да биде откупен договорот од Леванте ќе бидат неопходни 25 милиони евра, колку што е откупната клаузула од договорот на македонскиот фудбалер со шпанскиот тим.

„Фудбалерот кој со два гола ја ‘скрши’ Барселона би можел во Ерзурумспор’ – е насловот преку кој се пренесува веста за можниот трансфер на Барди во Турција. Иако, повеќе од јасно е дека исклучително мали се шансите еден од најдобрите македонски фудбалери оваа сезона да ја напушти Шпанија – за Турција!

Се вчитува...