Рио Енгумоха, еден од најталентираните фудбалери на генерацијата 2008 настапи во дресот на Ливерпул на подготовките за новата сезона. 16-годишникот доби шанса на пријателскиот натпревар против јапонскиот Јокохама и истата ја искористи фантастично постигнувајќи гол пред финишот на средбата.
И покрај тоа што се уште нема ниту 17 години Енгумоха веќе дебитираше и за првиот тим на Ливерпул на еден официјален натпревар на 11. јануари 2025 година против Аркингтон Стенли во ФА Купот и воедно стана најмладиот фудбалер кој настапил во дресот на „црвените“.
За англиските медиуми имаше смела изјава велејќи дека цели да ја освои Златната топка и да остане запомнет како легенда на фудбалот.
„Навистина верувам дека еден ден ќе ја освојам Златната топка. Сакам да бидам фудбалска легенда и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња“, изјави младиот фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

