Една улица во Далас ќе добие име по легендарниот германски кошаркар Дирк Новицки, пренесува ЕСПН. Новицки во „маверикс“ ја помина целата своја кошаркарска кариера во НБА лигата која траеше 21 година. Стана заштитно лице на франшизата која ја водеше до единствената титула во 2011 година.
Поради се што направи за клубот, градот Далас одлучи да му се оддолжи така што една улица ќе го добие неговото име. Како што пренесуваат американските медиуми веќе е одобрено улицата која се наоѓа во близина на „Американ ерлјанс арената“ да биде наречена „Новицки“.
The city of Dallas has approved the renaming of a street to Nowitzki Way. It was Olive Street, which runs by the American Airlines Center. “I’m excited for Dirk,” Mark Cuban said.
— Tim MacMahon (@espn_macmahon) June 6, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА