Новицки го „прескокна“ Вилт Чембрлен (видео)

Дирк Новицки стана шести најдобар стрелец во историјата на НБА-лигата, откако Германецот го мина легендарниот центар Вилт Чембрлен и неговите 31.419 поени во најсилната кошаркарска лига во светот.

Асот на Далас влезе во мечот свесен дека му недостигаат само четири поени за ова достигнување, па веќе во првата четвртина ги погоди првите два шута кон противничкиот кош, за еуфорично славје меѓу домашните фанови.

„Чувството е неверојатно. Знаев дека сум на околу 200 поени од Чембрлен на стартот од сезонава, верував дека ќе го престигнам, но потоа се повредив и почнаа да се појавуваат сомнежи. Сепак, во последните седмици играв одлично, ја имав и довербата на соиграчите кои бараа што повеќе да шутирам. Мило ми е што конечно се заврши“ – истакна Новицки.

Се вчитува...