Пензионерот Новицки: Секој ден јадам сладолед, оделата не ме собираат

Германскиот кошаркар Дирк Новицки пред месец дена ја заврши блескавата кариера, откако 21 сезона помина во дресот на Далас Маверикс. Легендарниот Дирк говореше за животните навики по завршувањето на кариерата и за тоа колку ужива во пензијата.

„Јадам сладолед секој ден. Дел од облеката не можам да носам бидејќи ми е мала. Имам седум килограми повеќе откако завршив со кошарката. Искрено, не вежбав ниту еден ден по завршувањето на кариерата. Олеснувачки. Така се чувствувам последниве месец дена“, изјави Новицки. 

Во последната сезона во дресот на Далас тој имаше проблеми со повреди, што на крајот беше клучниот фактор за заминување во пензија.

„Тоа беше тешка сезона за мене. Многу луѓе тоа не го забележаа, но во некои моменти многу се мачев, ме болеше цело тело на некои натпревари. Едноставно, веќе не ми беше забавна кошарката како некогаш“, заврши Новицки. 

Популарниот Дирк во тимот од Тексас пристигна во 1998 година, а во 2011 година успеа да стигне и до титулата во НБА лигата, а во финалната серија против Мајами беше избран и за МВП, а 14. пати беше учесник на Ол-стар натпреварите. Со репрезентацијата на Германија беше сребрен на Европското првенство во 2005 година во Србија и Црна Гора и бронзен на Мундијалот во 2002 година во САД.

Се вчитува...