Новицки закупи страница во весник за да му се заблагодари на Далас (ФОТО)

Легендата на германската и на НБА кошарката, Дирк Новицки кој мина 21 година во Далас освојувајќи при тоа и шампински прстен големата благодарност кон сограѓаните кои како што вели „го прифатиле како свој“ ја искажа закупувајќи страница во весник на која напиша краток емотивен текст.

„Далас. 21 сезона. Еден тим. Мојот дом. Никава статистика не ми значи повеќе од тоа. Заедно станавме шампиони. Ви благодарам што момчето од Вирцбург го прифативте како еден од вас. Секогаш благодарен, секогаш ваш, секогаш Маверик од Далас“ – напиша Новицки.

Германецот целата НБА кариера ја мина во Далас. Одигра за клубот 21 сезона и стана рекорден по бројот на сезони  минати во еден клуб.

 

Се вчитува...