Кинеската тенисерка Кинвен Женг се пласира во четвртфиналето на УС Опен по елиминацијата на големата фаворитка Ига Швјонтек во два сета и тоа со 7-5,6-3.
Таа втор меч по ред успева да добие сет иако во него губела 0-5 во гемови, прво во претходната рунда против Медисон Киз и тоа во третиот одлучувачки сет, и сега истото го направи против Швјонтек.
Полската тенисерка одлично го започна мечот, поведе со 5-0 во првиот сет, и сите на трибините на „Артур Еш“ стадионот се прашуваа дали ќе стои нула кај Женг, но Кинеската не мислеше така.
Пресвртот започна со брејк за 2-5 откако спаси две сет-топки, во деветтиот спаси една и дојде на 4-5, и почна да ја фрустрира Швјонтек. Потоа успеа да направи уште еден брејк и со 7-5 да го освои првиот сет и со голема мера и мечот бидејќи полската тенисерка не успеа да се врати од доживеаниот шок.
Во вториот сет, Женг освои четири гемови во низа за конечни 6-3 и пласман во четвртфиналето каде ќе ја чека подобрата од дуелот меѓу Наоми Осака и Елена Рибакина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
