Ново лице на Вардар – растурен Фуксе Берлин

Лекцијата од дуелот со Хамбург беше научена, па Вардар денеска одигра далеку подобар натпревар на турнирот во Германија и сосема заслужено го совлада Фуксе Берлин со убедливи 32-24.

Роберто Парондо очигледно им подели совети на своите избраници како да го подобрат настапот, пред се во одбраната, па со одлична дефанзива во второто полувреме „црвено-црните“ стигнаа до заслужен триумф. Тимот на Берлин беше подобар во првите дваесетина минути, контролирајќи го резултатот со минимални водства, за Вардар прв пат да поведе во 23. минута (12-11).

На полувреме се замина со водство на „вардарци“ од 15-13, за македонскиот првак полн со самодоверба да влезе во вторите 30 минути, одлично да ги затвори приодите кон сопствената мрежа и да си ја зглеми предноста. Парондо во финишот им даде шанса и на помладите ракометари, но тоа не се одрази врз конечниот исход, па Вардар славеше со убедливи осум гола разлика.

Тимур Дибиров беше прв стрелец со седум погодоци, еден повеќе од Кристопанс.

Се вчитува...