Ново „лудо“ издание на Дончиќ: Погодуваше тројки како никогаш досега (ВИДЕО)

Кошаркарите на Далас славеа со 120-112 против Портланд на домашен терен, во еден од синоќешните дуели од НБА лигата.

Далас дојде до 27-та победа сезонава, благодарение на одличниот одиграниот втор период од играта. До триумфот повторно ги водеше неверојатниот Лука Дончиќ кој постигна 35 поени, дополнети со осум скока и седум асистенции. Притоа Словенецот имаше досега најдобри во НБА кариера погодени осум тројки од 12 обиди.

Кај Портланд најефикасен беше Демијан Лилард со 34 поени и 10 асистенции, а искусниот Мело Ентони дополни со 22 поени. Но, тоа не беше доволно гостите да го избегнат 25-от пораз сезонава.

Се вчитува...