Ново македонско „шоу“ во Букурешт: Маестро Симон Трпчески со концерт во романската престолнина

Во време кога Букурешт е обоен во црвено-жолта боја, а македонската фаланга со сиот глас навива за македонските „рисови“, ќе одекнат и звуците на светски познатиот македонски пијанист, Симон Трпчески, кој вечерва ќе одржи концерт во романската престолнина.

Познатиот музички амбасадор на Македонија во друштво со неговиот брат Јован Трпчески, како и колегите од Романија, Сорин Спасиновиќ и главниот диригент на оркестрите на Македонската, Енеску и Трансилванската филхармонија, Габриел Бебешелеа, беа главна поддршка на Пандев и компанија за време на првиот историски натпревар на Македонија на Европското првенство во Букурешт.

Денеска на покана од маестро Симон, претставници на ФФМ ќе му ја возвратат поддршката и ќе бидат гости на неговиот вечерен концерт.

ФФМ ја уважи оваа покана и упати јавна благодарност до Симон.

Светски познатиот македонски пијанист, Симон Трпчески вечерва има концерт во Букурешт. На покана од маестро Симон, претставници на ФФМ ќе бидат гости на неговиот концерт. Благодарност и овации за Симон, како што со цело срце ја бодри Македонија на натпреварите од ЕВРО 2020“, стои во соопштението на ФФМ.

Се вчитува...