Ново обвинение за допинг за Симона Халеп

Некогаш најдобрата светска тенисерка, Симона Халеп, се соочува со нови проблеми откако против неа е покренато и второ обвинение за допинг.

Романката веќе е суспендирана откако беше обелоденето дека била позитивна на забранетата супстанца „Роксадустат“ при настапот на УС Опен. Таа се жалеше на одлуката тврдејќи дека е невина, но сега се појавија нови докази против неа. Имено, Халеп наводно имала „нерегуларности во нејзиниот спортски биолошки пасош“, нешто што во пракса најчесто се поврзува со прикривање на случаи на допинг.

„Јасно ни е дека денешното соопштение ќе додаде уште поголема комплексност на веќе постојната ситуација, бидејќи станува збор за случај поврзан со врвен спортист. Медиумскиот интерес за овој случај е огромен, но ние ќе продолжиме со истрагата за овој нов случај, за што веќе ја информиравме Симона Халеп и нејзините адвокати“, изјави Никол Сапстед, директорката на Анти-допинг агенцијата при Светската Тениска Организација.

Се вчитува...