Ново реми за Пелистер во Турција

Фудбалерите на Пелистер како да се ’претплатени’ за ремија на зимските подготовки во Турција. Денеска македонскиот прволигаш одигра пријателски натпревар со бугарскиот тим Нефтохимик и ремизираше, 1-1. Тоа е петти нерешен резултат за „зелените“ во овој подготвителен период.

Нефтохимик поведе на самиот старт од натпреварот со голот на Владислав Романов, а израмни Иве Трифуновски исто така во првото полувреме.

 

Се вчитува...