Ново шоу на Дончиќ: НФЛ-додавање за „шлаг на тортата“ (видео)

Лука Дончиќ продолжува да ја импресионира американската јавност, откако словенечкото „чудо од дете“ за само неколку месеци се наметна како нова ѕвезда на НБА-лигата.

Многумина се сомневаа во неговата можност да се адатира во најсилната лига на светот, но Далас дефинитивно погоди „џек-пот“ со прифаќањето на ризикот на драфтот да го избере младиот Словенец.

А тој може буквално се, како што можеше да се види и на синоќешниот меч со Портланд, на кој Дончиќ најпрвин со тројка стави крај на дилемите околу победникот, за точка на натпреварот да стави со неверојатно додавање од под својот кош, на кое би позавиделе и повеќето квотербекови во НФЛ-лигата…

Се вчитува...