Ново шоу на Јокиќ: Трипл-дабл за победа во Феникс

Никола Јокиќ одигра уште еден извонреден натпревар за Денвер, предводејќи го својот тим до триумф во Феникс од 111-113, седма победа во низа за Нагетс. Србинот доминираше на двете страни од теренот, завршувајќи го натпреварот со нов трипл-дабл од 22 поени, 12 скокови и 10 асистенции. Улогата на херој сепак во самата завршница му припадна на Џамал Мареј, кој го погоди клучниот шут на 2,5 секунди до крајот. Феникс имаше шут за победа, но обидот на Букер беше изблокиран од страна на Грант, за продолжување на победничката серија на Денвер.

Хјустон забележа победа од 104-113 на гостувањето против Сакраменто, четврти триумф во низа за „ракетите“. На спротивната страна, Сакраменто го загуби петтиот од последните шест меча, апсолутно заслужено ако се знае дека Хјустон цел натпревар го контролираше резултатот. Џејмс Харден со 34 поени беше главна фигура на оваа средба.

Мајами ја прекина серијата од пет победи на Јута, совладувајќи ги „џезерите“ со 107-104. Џими Батлер ги предводеше „жешките“ со 20 поени, а одличен беше и Адебајо со дабл-дабл од 18 поени и 12 скокови.

Резултати НБА:

Кливленд – Атланта 121-118, Детроит – Филаделфија 109-125, Индијана – Торонто 120-115 (по прод.), Њујорк – Вашингтон 115-121, Орландо – Чикаго 103-95, Мајами – Јута 107-104, Мемфис – Сан Антонио 115-145, Феникс – Денвер 111-113, Портланд – Њу Орлеанс 94-102, Сакраменто – Хјустон 104-113, Голден Стејт – Минесота 113-104.

Се вчитува...