Ново топ-засилување: Виртус Болоња е најголемиот добитник од распадот на ЦСКА Москва

Виртус Болоња е големиот победник по распадот на ЦСКА Москва откако италијанскиот шампионат по Даниел Хекет обезбеди уште едно големо засилување за клучниот дел од сезоната. Станува збор за Торнике Шенгелија, извонредниот крилен центар на грузиската репрезентација кој прв објави дека си заминува од ЦСКА по почетокот на воениот конфликт во Украина.

За услугите на Шенгелија се интересираше и тимот на Валенсија, но Грузиецот се реши да ја прифати понудата на Виртус Болоња, пред се поради фактот дека се однесуваше на соработка само до крајот на сезонава.

„Горди сме што Шенгелија од бројните понуди што ги имаше на маса ја избра токму онаа на нашиот клуб. Создаваме моќен тим, донесовме уште едно големо засилување“, изјави првиот човек на Виртус Болоња, Лука Баралди.

Се вчитува...