Ново западно финале: Кога ќе се разигра Стеф Кари…

Голден Стејт стигна до финалето во Западната конференција откако славеше на шестиот меч со Хјустон, на гостински терен со резултат 113-118, за победа од 4-2 во оваа полуфинална серија. „Воините“ настапија без повредениот Кевин Дурант, но затоа во своите редови го имаа феноменалниот Стеф Кари, кој одигра полувреме за паметење во третата и во четвртата четвртина и го превдодеше својот тим до триумф над големиот ривал.

Извонредниот шутер во првото полувреме немаше ниту еден единствен поен, тогаш Голден Стејт парираше благодарение на Клеј Томпсон и неговиот 21 поен, за ситуацијата да се промени во второто полувреме. Кари целосно ја презеде одговорноста, погодуваше од сите позиции и го заврши мечот со 33 поени, пет скока и четири асистенции. На спротивната страна, Харден беше најефикасен на натпреварот со 35 поени, но имаше и загубена топка во клучните моменти од завршницата, па „брадата“ заврши уште една сезона со пораз во плејофот од Голден Стејт.

Ривал на актуелниот првак во финалето од западната конференција ќе биде подобриот од мајсторката меѓу Денвер и Портланд.

Се вчитува...