Ново засилување за Вардар: Андреј Цветковски обелече „црвено-црно“

Вардар за продолжението од сезоната ќе може да смета на услугите на Андреј Цветковски кој го засили тимот од редовите на Куманово. За Цветковски ова претставува и враќање во редовите на тимот од „Кале“ по две години, а неговото деби се очекува на денешната средба против „штркчињата“.

24-годишниот бек имаше лимитирана минутажа во редовите на „сино-белите“ оваа сезона, но по санирањето на повредата е подготвен да се врати на паркетот со полна енергија. Играчот висок 190cm на шест одиграни меча во домашното првенство бележеше просек од 4.0 поени и 1.3 скока по натпревар, додека во БИБЛ лигата на пет натпревари неговиот просек гласи 5.2 поени, 1.4 скока и 1.4 асистенции.

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија ќе биде од големо значење за младиот состав на Јованчев во битка за изборување на место меѓу најдобрите клубови во мак-баксетот и следната сезона. Вардар моментално се наоѓа на 11. позиција на табелата со скор од три победи и девет порази, два повеќе од Црн Дрим и еден повеќе од МЗТ Скопје 2.

Се вчитува...