Новото кошаркарско чудо со меч за историја го „сруши“ Феникс (ВИДЕО)

Првиот пик на последниот НБА драфт, Виктор Венбанјама беше во фокусот на синоќешниот дуел меѓу Феникс и Сан Антонио во НБА лигата.

Во вториот меѓусебен меч во само три дена, повторно победа на Сан Антонио Спарс кои сега на гости славеа со 121-132, во извонреден меч кој е можеби еден од најдобрите одиграни последниве години во НБА.

При резултат 116-116 во последната четвртина, Сан Антонио имаше серија од 0-12 со која дојдоа до победата на натпреварот.

Вембанјама постигна 38 поени дополнети и со 10 скока за 34 минути игра, а Девин Букер беше блиску до „трипл-дабл“, но заврши со 31 поен, 13 асистенции и 9 скока. Дурант постигна 28 поени.

Во останатите синоќешни мечеви Филаделфија славеше против Торонто со 114-99, Њу Орлеанс против Детроит со 125-116 а Јута загуби на домашен терен од Орландо со 113-115.

Се вчитува...