Нухиу: Не сум разочаран, одигравме три добри средби со Вардар

Тренерот на Шкупи, Адријан Нухиу, изрази задоволство од карактерот и играта на својот тим, иако на крајот тоа се покажа недоволно за оваа екипа да го елиминира Вардар и да се пласира во четвртфиналето од Купот на Македонија. Во третиот меч за дваесетина дена против „вардарци“ Шкупи го претрпе првиот пораз, што значеше и елиминација на тимот од Чаир.

Мислам дека одигравме три одлични натпревари против Вардар, на теренот покажавме дека можеме да се носиме со најдобрите. Бевме фокусирани на одбраната, во неколку наврати можевме и да погодиме преку контранапад. Ми се допаѓа што и по првиот гол момците реагираа добро, имавме и одлична шанса за израмнување што за жал не ја искористивме. Генерално гледано, знаеме кој е Вардар во домашното првенство, тим што се натпреварува и во групите од Лигата на Европа, а ние одигравме квалитетно на три натпревари против актуелниот првак“ – изјави Нухиу.

Се вчитува...