Њујорк никс станува прв НБА клуб во историјата со жена како тренер!?

По отказот за Дејвид Фицдејл, Њујорк никс е во потрага по нов тренер. Но, поради контроверзниот сопственик, малкумина се заинтересирани за клупата на клубот кој од почетокот на милениумот промени дури десет тренери, а тројца само во последните четири години.

Затоа може да има и преседан, па Њујорк никс да биде прв НБА клуб кој оваа улога би ја доверил на жена.

Беки Хемон, една од најдобрите кошаркарки на сите времиња, која од 2014 година работи како асистент на Грег Попович во Сан Антонио, е најсериозната кандидатка за преземање на клупата на Њујорк никс.

Дел од американските медиуми веќе потврдуваат дека Хемон е заинтересирана за тренерската позиција во Њујорк, а освен неа главни кандидати се и Марк Џексон и Сем Мичел, тренерот на 2007 година во НБА.

Се вчитува...