Њукасл ги испука „топчиите“

Њукасл успеа да ја оствари четвртата последователна победа во Премиер – лигата, совладувајќи го Арсенал со 2-1. Иако „топчиите“ први поведоа со голот на Александре Лаказет во 14.минута, сепак, на крајот се радуваа домашните фудбалери.

Перез израмни во 29.минута од натпреварот, а Мет Ричи во 69.минута го постигна победоносниот погодок за Њукасл.

Се вчитува...