Англискиот фудбалер Џејкоб Ремзи во новата сезона ќе го носи дресот на Њукасл Јунајтед откако клубот од северот на Англија имаше успешни преговори со Астон Вила за трансфер вреден 40 милиони евра.
Постигнат е и договор за личните услови со 24-годишниот фудбалер кој настапува во средината на теренот па останува уште да бидат поминати медицинските прегледи пред официјално да биде претставен како нов фудбалер на „црно-белите“.
Ремзи потекнува од младинската школа на Астон Вила. Откако ги помина младинските категории и една сезона на позајмица во Дончестер доби шанса во првиот тим која фантастично ја искористи. Минатата сезона настапи на 46 натпревари во сите конкуренции вклучувајќи и 10 во Лигата на Шампионите постигнувајќи четири голови и седум асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

