Њукасл одбил вистинско богатство за Исак

Шведскиот напаѓач Александар Исак нема да го напушти Њукасл ниту за 120 милиони фунти.

Њукасл одби понуда од 120 милиони фунти, или речиси 140 милиони евра, испратена до нив од Ливерпул, објави инсајдерот Дејвид Орнштајн.

Наместо да ја прифати понудата, Њукасл му понуди на 25-годишниот напаѓач нов договор со клаузула за трансфера што може да се активира следното лето, но тој остана цврст во својата одлука да го напушти клубот.

Негова желба е да се пресели во Ливерпул, но она што е сигурно е дека клубот од „Сент Џејмс Парк“ нема да го пушти шведскиот репрезентативец сè додека не најде соодветна замена.

Се вчитува...