Њукасл се подготвува за првото големо засилување – асот на Реал Мадрид цел на Англичаните

Њукасл Јунајтед влезе во игра за трансфер на Марко Асенсио, пренесуваат англиските медиуми. Фудбалерот на Реал Мадрид е пред заминување од „Сантијаго Бернабеу“, а премиерлигашот е подготвен да ја плата сумата од 35 милиони евра која ја бара шпанскиот клуб.

Дваесетишестгодишниот Асенсио е дел Реал Мадрид од 2014 година каде пристигна од редовите на Мајорка, но и по 235 одиграни натпревари во „белиот“ дрес не успеа да го зацементира своето место меѓу почетните единаесетмина па во потрага по поголема минутажа и самиот сака заминување.

Асенсио е трансфер цел на неколку тимови меѓу кои и Ливерпул па останува да видиме дали Њукасл со новиот богат газда ќе успее да го примами Шпанецот. Англискиот тим нема преоден рок каков што очекуваше и мака мачи да стигне до атрактивен фудбалер, а проблемот се јавува во големите финансии кои наместо предност, донесоа неочекувани проблеми во преговарачката рамка.

Се вчитува...