Дарвин Нуњез се наоѓа пред одлука дали да замине од Ливерпул и да се пресели во Саудиска Арабија каде за неговите услуги постои сериозен интерес од страна на Ал Хилал.
Претставниците на сауискиот клуб веќе му го претставиле планот на Нуњез во кој тој би бил централна фигура и сега му останува нему да донесе одлука за својата иднина.
Ливерпул нема ништо против да го продаде фудбалерот кој се смета за големо промашување на „Енфилд“ согласно со сумата издвоена за негов трансфер како и неефективноста пред противничкиот голман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

