Нуркиќ е успешно опериран

Кошаркарот на Портланд, Јусуф Нуркиќ е опериран по тешката повреда која ја доби на мечот против Бруклин Нетс, а од клубот соопштуваат дека очекуваат целосно враќање на терените на Нуркиќ.

Босанецот ги скрши двете коски на потколеницата на левата нога на две минути и дваесет и две секунди до крајот на второто продолжение против Бруклин во ноќта помеѓу понеделникот и вторникот. Операцијата во Портланд ја изврши доктор Ричард Гелмен, а лекарите соопштија дека очекуваат целосно заздравување на коските на Нуркиќ.

Засега нема прогнози за тоа кога би можел тој да се врати на терените. Нуркиќ во 72 натпревари сезонава за Портланд во просек бележеше по 15,6 поени, надополнети со 10,4 скока и 3,2 асистенции.

Се вчитува...