Нурмагомедов ги доби „замрзнатите“ еден милион долари

Спортската комисија на државата Невада донесе одлука на Хабиб Нурамгомедов да му бидат исплатени 50 проценти од хонорарот од 2 милиони долари за борбата против Конор Мекгрегор што се одржа на 6 октомври на турнирот УФЦ 229. Парите беа „замрзнати“ поради тепачката и скандалозното однесување на Нурмагомедов.

Со последната одлука, тој ќе добие 1 милион долари од кои ќе треба да плати и казна откако ќе заврши истрагата за скандалот и ќе биде донесено конечно решение.

Надлежната комисија во Невада одлучи Нурмагомедов да остане дисквалификауван од сите настапи до 10 декември кога ќе биде донесено конечното решение.

За разлика од Нурамгомедов кој победи во мечот, неговиот противник, Конор Мекгрегор веќе го доби целиот хонорар за мечот. Но, тоа не значи дека и тој нема да биде подложен на финансиски санкции по донесувањето на конечната одлука.

Се вчитува...