Нутинен: Задоволен сум, но и натаму не смееме да го потцениме Вардар

Задоволство во финскиот тим Купс над Вардар во првиот меч од 1. квалификациско коло во Лигата на шампионите од 0-2, и се чини пласман во следната фаза.

Тренерот Мика Нутинен после мечот истакна задоволство од резултатот вечерва во Скопје, и смета дека неговиот тим е веќе пред пласман во второто коло.

„Задоволен сум од реализацијата и од играта. Не беше воопшто лесно. Одбранбено бевме добро поставени, и креиравме добри шанси. Но, не смееме да заборавиме дека ова е само прво полувреме. Вардар беше тактички како што очекувавме. Но, ние одигравме по планот. Го респектиравме противникот и за вториот меч, затоа што работите може лесно да се променат“, изјави Нутинен.

Се вчитува...