Обамејанг го одби Челси, Чави сака тој да остане

Уште една загубена битка за Челси на трансфер пазарот. Пјер-Емерик Обамејанг нема намера да ја напушти Барселона и да се пресели во Лондон.

„Мундо Депортиво“ јавува дека Габонецот ја одбил понудата од лондонските „сини“, но и Чави не сака да се откаже од неговите услуги.

Челси тргна по напаѓач, откако ова лето остана без Ромело Лукаку и Тимо Вернер кои се вратија во своите поранешни клубови Интер, односно Лајпциг.

Обамејанг во последниот ден од зимскиот преоден рок од Арсенал отиде во Барселона, и на 17 меча постигна 11 голови.

Се вчитува...