Обамејанг претепан во својот дом во Барселона

Пјер Емерик Обамејнг преживеал вистинска драма својот дом во Барселона, пренесуваат шпанските медиуми. Околку еден час по полноќ четири крадци провалиле во неговиот дом, му се заканувале со пиштол на него и неговата сопруга се додека не го отвориле сефот, а потоа го е претепале со железни шипки.

Проценката вели дека е украдена поголема сума на пари и дијаменти, а крадците ја повредиле и неговата жена Алиша Бехаг пред да избегаат со бело ауди А3. За среќа повредите не се сериозни и избегната е поголема трагедија.

Ова не прв пат ѕвезда на Барселона да биде ограбена. Таков беше случајот во минатото со Џерард Пике, Филипе Кутињо, Давид Алба…, но во најголемиот дел од овие случаи кражбата беше извршена додека тие беа надвор од својот дом.

Се вчитува...