Обелоденета последната порака на Меси до Бартомеу: Пак ме зае*аваш!

Каталонскиот гигант минатата година доживеа дебакл во Лигата на шампионите откако загуби од Баерн Минхен со 2-8, а неколку дена подоцна сите беа шокирани затоа што Лионел Меси најави дека сака да ја напушти Барселона.

Сепак, поранешниот претседател на Барса, Жозеп Марија Бартомеу ја одби таа можност и не го пушти Аргентинецот да замине бесплатно.

Во тие моменти се шпекулираше дека Меси се договорил со Манчестер сити, но од тоа немаше ништо зашто Бартомеу не му дозволи да замине, а каталонските медиуми сега ја откриваат последната порака на Аргентинецот.

„Пак ме зае*аваш, по ѓаволите“, била последната порака која Меси му ја испратил на Бартомеу.

 

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...